Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: „Охрид Мол“ помеѓу желбите и реалните потреби – само со силни брендови до успешна приказна

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека трговскиот центар „Охрид Мол“ полека го добива финалниот изглед е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

„Охрид Мол“ полека го добива финалниот изглед, по што Охрид и регионот се очекува да добијат современ шопинг центар. Деновиве се работи на средување на внатрешниот и надворешниот дел, каде е асфалтиран делот за паркинг, но и пешачката патека и зелената зона по улицата „7-ми Ноември“, која комплетно се уредува, како дел од активностите на локалната самоуправа за комплетна санација на оваа улица. Во последната информација од компанијата која го стопанисува објектот, наведоа дека, паралелно со активностите на терен, се преговара и со потенцијалните закупци и брендови кои во добар дел ќе бидат интернационални и за прв пат присутни во Охридскиот Регион.

Читателите на OhridPress во најголем дел од коментарите ја поздравуваат изградбата на еден ваков објект, но потсетуваат на долгиот период во кој се гради Трговскиот центар и посочуваат дека треба да се донесат посериозни брендови. Исто така охриѓани го апострофираат и проблемот со иселувањето од градот во насока на тоа дали воопшто има економска оправданост за да се гради еден ваков објект во град, кој реално има се’ помалку жители. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука