Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нивото на Охридското Езеро 9 сантиметри под просекот за март

Охрид, 12. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе една недела нивото на водата во Охридското Езеро е на кота од 693,40 м.н.в, и понатаму е под мартовскиот просек.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), водостојот е за 9 сантиметри пониско од просекот за март (693,49 м.н.в) и за 30 сантиметри над минимално дозволената кота (693,10 м.н.в). Температурата на водата e 9 степени, што е за 1,4 степени повисока од вообичаената за овој период од годината.

Од почетокот на месецов езерскиот водостој е покачен за само еден сантиметар.

Во Охрид денес променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во текот на следните денови ќе се задржи променливо облачно време, утре со повремен локален дожд, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука