Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 11. степени

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со повремени сончеви периоди и повремени врнежи од дожд во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Во следните денови наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука