Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Претседател на здружение на лица со телесен инвалидитет од Велес измамил правно лице од Охрид за 600.000 денари

Охрид, 13. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“.

– Тој, во својство на претседател на меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет во општините Велес, Чашка и Градско, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, довел во заблуда правно лице од Охрид и по основ на побарана позајмица, неовластено прибавил за себе корист од 600.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука