Забава Избор

Olly Alexander од групата Years & Years ќе ја претставува Велика Британија на Евровизија со песната „Dizzy“

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Британската поп ѕвезда Olly Alexander, кој е дел од групата Years & Years, го претстави својот соло сингл „Dizzy“, песна со која ќе ја претставува Велика Британија на годинешниот избор за песна на Евровизија кој ќе се одржи на 11-ти мај во Малме.

– Ја напишав песната минатото лето, всушност почнав со зборот „вртоглавица“. Размислував за сите забавни работи што прават да добиеме вртоглавица – бакнежите ми беа главната асоцијација. Бевме инспирирани и од музиката од 80-тите и уметниците како Stock Aitken Waterman, Erasure, Adamski и Pet Shop Boys, откри Olly за новиот сингл.

Тој зад себе има веќе три успешни студиски албуми, од кои два се искачија на првата позиција на музичките топ листи во Велика Британија. Музичарот е добитник и на престижната BRIT Billion Award за 6,5 милијарди слушања на неговите песни на стриминг платформите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука