Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилатa, без оглед на моменталната временска состојба, информираат од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилата, учесниците во сообраќајот, се должни во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука