Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Натпревар и завршна конференција за финансиска писменост за млади претприемачи во Охрид

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, денеска Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија ќе спроведе натпревар во финансиска писменост за млади и завршна конференција.

Натпреварот е во рамки на проектот „Финансиска писменост за млади претприемачи – ФинЈес“, поддржан и кофинансиран од Американската амбасада во Скопје.

Целта на конференцијата е промоција на резултатите од проектот, а на истата ќе се понудат предлози за натамошно јакнење на финансиската писменост во земјава.

Целта на проектот е давање на основни финансиски вештини и знаења за водење и организирање на мал бизнис. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука