Избор Спорт

ЛШ 1/4 финале: Нов дуел на Реал Мадрид и Манчестер Сити

Нион, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Три тимови од Шпанија, по два од Германија и Англија и еден француски тим ја продолжија трката за освојување на најпрестижниот фудбалски клупски трофеј.

Нè очекуваат возбудливи натпревари. Арсенал ќе вкрсти со Баерн Минхен, Атлетико Мадрид со Борусија Дортмунд,
Реал Мадрид со Манчестер Сити и ПСЖ со Барселона.

Победникот од двомечот меѓу Атлетико Мадрид и Борусија Дортмуд ќе се судри со подобриот од ПСЖ – Барселона. Во другото полуфинале силите ќе ги одмерат поуспешните екипи од двомечите меѓу Арсенал – Баерн Минхен и Реал Мадрид и Сити.

Првите четвртфинални натпревари се играат на 9-ти и 10-ти април, реваншите се една седмица подоцна.

Полуфиналните дуели се закажани за крајот на април и почеток на мај, додека големото финале на „Вембли“ ќе се одигра на први јуни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука