Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лишени од слобода лица од Охрид и Куратица, затекнати како користат марихуана

Охрид, 16. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 15-ти март 2024 година, во 17:20 часот во близина на охридското село Рача, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода две лица на 24-годишна возраст, едното од Охрид, другото од охридското село Куратица.

– Тие биле затекнати како во патничко возило „БМВ“ користат марихуана. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука