Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

По повод четири години од членството во НАТО, следната недела ќе се одржи отворен ден на Армијата во Охрид

Тетово/Охрид, 17. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со Општина Тетово денеска на плоштадот во центарот на градот организираат отворен ден за граѓаните.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата. На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

Следната недела отворени денови ќе се реализираат и во Охрид, Прилеп и во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука