Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Повеќе овошје и зеленчук за бели заби

Даблин, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Одредени намирници може да помогнат забите да останат бели.

Консумирањето на овошје и зеленчук како јаболкo, зелен грав, морков и целер, има дејство слично на четката за заби. Исто така, овие намирници продуцираат и зголемено лачење на плунка која ја неутрализира киселината и ги штити забите.

Млечните производи, посебно оние кои се богати со калциум, исто така може да им помогнат забите да останат бели.

Храната и производите кои се штетни за забите и од кои настануваат дамки, треба да се избегнуваат или да се ограничи нивното консумирање. Треба да се избегнува и никотинот, сојата, засладените безалкохолни пијалоци, црвеното и белото вино, боровницата и цвеклото. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука