Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава: 115 години од смртта на Кузман Шапкарев

Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележува годишнината од смртта на преродбеникот Кузман Шапкарев, кој почина на денешен ден, во 1909 година во Софија.

Шапкаров е еден од најзначајните собирачи, публикатори и афирматори на македонски народни умотворби и еден од првите македонски учебникари. Ги објави делата „Зборник на народни умотворенија, наука и книжнина“, „Материјали за животописот на браќата Миладинови Димитрија и Константин“, како и осум учебници што ги напиша за потребите на училиштата во Македонија.

Роден е во Охрид, на 1. февруари 1834 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука