Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ОУ „Живко Чинго“ денеска ќе го одбележи патрониот празник

Охрид, 20. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – ООУ „Живко Чинго“ од село Велгошти денеска, 20-ти март, ќе го одбележи патрониот празник.

Свеченостите ќе започнат од 17:30 часот, со полагање свежо цвеќе на бистата на Живко Чинго во училишниот двор. Од 18:00 часот во спортската сала „Тодор Александров“ започнува приредбата, што опфаќа драматизација на македонска народна приказна, ритмички точки, рецитал, а ќе бидат доделени и наградите од литературен и ликовен конкурс, како и од натпревари.

Поздравно обраќање пред присутните ќе има и директорката Љубица Ангелоска Кркачоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука