Здравје Избор ТОП ВЕСТИ

Здравје: Три чекори за успешна диета

Мадрид, 20. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Зборот диета обично значи привремена промена во исхраната, при што се намалуваат калориите.

Нутриционистот Карлос Риос открил дека пациентите се загрижени, бидејќи тешко се откажуваат од вкусниот залак, малку се движат и вежбаат и затоа не слабеат. Според него, ваков потфат е осуден на неуспех, а за да се има напредок, луѓето треба да се фокусираат на три работи:

Да научат да се хранат

Никој не сака да јаде помалку, најдобро е да јадеме подобро. Треба да знаеме како она што го јадеме се одразува на нашето тело и да избереме храна која е избалансирана.

Програма за вежбање

Вежбите се многу корисни за здравјето, како физичките, така и менталните. Исто така е важно да ги спроведуваме правилно. Не сите луѓе имаат потреба од ист тип вежби. За постигнување на оптимален резултат, физичката активност треба да биде прилагодена со можностите и желбите на секој човек.

Одржување на позитивен став

Мотивацијата е суштинска за започнување на каков и да е потфат, а уште повеќе ако се однесува за нашиот начин на живот. Животната средина, луѓето кои ја сочинуваат, како и разумните и реални очекувања се во основата на секоја промена. Не е важно броењето на калории, туку да знаеме како да ја избереме храната во согласност со потребата од енергија на нашето тело. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука