Избор Свет

Најсреќната земја во светот е Финска

Њујорк, 20. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Финска го обезбеди првото место меѓу најсреќните земји во светот и таа титула ја носи седма година по ред, се вели во извештајот на мрежата за решенија за одржлив развој, која работи под покровителство на ОН, објавен денеска.

Просечниот рејтинг на таа нордиска земја е 7,7, а потоа следат Данска, Исланд и Шведска. На другиот крај на скалата е Авганистан, кој среде хуманитарна катастрофа по враќањето на Талибанците на власт во 2020 година го зазеде последното место од 143 земји со оценка 1,7.

Ова се десетте најсреќни земји во светот.

1. Финска
2. Данска
3. Исланд
4. Израел
5. Холандија
6. Шведска
7. Норвешка
8. Швајцарија
9. Луксембург
10. Нов Зеланд

За прв пат по повеќе од 10 години, САД и Германија не се меѓу првите 20 најсреќни нации, паѓајќи на 23-то и 24-то место. Франција се најде на 27 место. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука