Избор Македонија ТОП ВЕСТИ Хроника

Убиство во Скопје, со нож избоден до смрт матичен лекар

Скопје, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Лекарот А.Т.(67) од Скопје бил пронајден мртов, со убодни рани по телото, синоќа (21 март) пред поликлиниката „Железара“ во Скопје

Го пронашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР).

– На 21.03.2024 во 23.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека во сопственото возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, на паркинг пред поранешната клиника Железара, со убодни рани по телото бил пронајден А.Т.(67) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, соопштија од полицијата. (Крај)

извор: МВР фото: infomax.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука