Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Казни за 12 пешаци од Охрид поради небезбедно преминување на улица

Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви март 2024 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци, од кои по 12 во Охрид и Струга, 4 во Кичево и 2 во Дебар.

– Тие се санкционирани поради движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, небезбедно преминување на улица, преминување надвор од пешачки премин, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука