Избор Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Весна Бендевска за ЗНАМ и Ѓорѓија Сајкоски за ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат носители на листите во петтата Изборна единица

Охрид, 22. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Партиите започнаа да ги објавуваат носителите на листите во пресрет на престојните парламентарни извори.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција го потврди Ѓорѓија Сајкоски за носител на ВМРО-ДПМНЕ во петтата Изборна единица.

– Во однос на носител во петтата Изборна единица можам да го потврдам Ѓорѓија Сајкоски генералниот секретар на партијата ВМРО-ДПМНЕ за носител во петтата Изборна единица. Сметам дека имаме одлично решение, тој долги години беше еден од најуспешните претседатели на Општински комитети во ВМРО-ДПМНЕ, го водеше Општинскиот комитет во Кичево кој секогаш постигнува фантастични резултати за ВМРО-ДПМНЕ. Како генерален секретар е дел од оваа нова приказна на ВМРО-ДПМНЕ која ќе значи убедлива победа на претседателските и парламентарни избори. Така што во петка одиме со Сајкоски, истакна Николоски.

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, в недела од 13:00 часот во СРЦ „Кале“ ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори. Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи Весна Бендевска, дипломиран психолог, УКИМ Скопје, поранешна пратеничка во Собранието на Република Македонија, поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Потпретседателка на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука