ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Одличен настап за пливачите од „Акваспирит“ на „Делфин Купот“ во Скопје, Милан Китевски освои златен медал на 50 метри градно

Охрид, 24. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Пливачкиот клуб „Акваспирит“ од Охрид денес имаа забележителен настап на Меѓународниот пливачки митинг „Делфин Куп“ во Скопје.

– Анастасија Цветаноска, Ана Апостолова, Ведран Томчов и Милан Китевски имаа одлични настапи во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри градно. Милан, во силна конкуренција успеа да се искачи највисоко на пиедесталот, освојувајќи златен медал во апсолутна категорија на 50 метри градно, информираат од „Акваспирит“.

Испраќаат честитки за организацијата до Пливачкиот клуб „Делфин“ од Скопје и големо браво за охридските пливачи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука