Избор ТОП ВЕСТИ

Замина „принцезата“, почина Слаѓана Милошевиќ

Белград, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – По кратко боледувањем во болницата во Земун, на 69-годишна возраст почина познатата српска авангардна уметничка и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3-ти октомври 1955 година и важеше за вистинска икона на новиот бран од осумдесеттите во некогашна Југославија.

Првиот соло настап го имаше на фестивалот „Студенско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освои Гран-при наградата.

Заедно со Дадо Топиќ, во 1996 година ја снимија антологиската „Принцеза“, песна која е една од оние кои ја одбележаа нејзината богата музичка кариера.

На површината на југословенската поп-рок сцена излезе во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имаше првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапуваше пред групата Бијело Дугме. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука