Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Наскоро во Охрид ќе се одржи Меѓународниот таеквондо турнир во Олимписко Таеквондо – Ohrid OPEN 2024

Охрид, 26. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 6 април 2024 година, Охрид ќе биде домаќин на Меѓународен таеквондо турнир во Олимписко Таеквондо – Ohrid OPEN 2024.

Турнирот е во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ и Македонската Таеквондо Федерација, а во согласност со турнирскиот систем на Македонската Теквондо федерација и под покровителство на Општина Охрид.

– На турнирот се очекуваат повеќе од 300 натпреварувачи од 14 клубови од Република Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ и Косово. Свеченото отворање на турнирот е закажано за 13:00 во СРЦ „Билјанини извори“ од страна на Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков. Гости на отворањето ќе бидат и Дејан Ѓорѓиевски, освојувачот на сребрен Олимписки медал за Република Македонија на Олимписките игри во Токио и Милја Релјиќ потенцијални идни олимпијци за наредните ОИ, информираат организаторите.

На отворањето ќе присуствуваат и градоначалниците на општина Бутел во Скопје Дарко Костовски и на општина Ѓорче Петров д-р Александар Стојкоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука