Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанката Александра Ивановска меѓу најдобрите истражувачи во Србија

Белград/Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанката Александра Ивановска, инженер-технолог и научник од Центарот за иновации на Технолошко-металуршкиот факултет во Белград, се најде на листата со најдобри истражувачи во Србија, односно беше прогласена за најдобра научна соработничка во областа на техничко-технолошките и биотехничките науки во Србија.

Порталот fakulteti.mk јави дека оваа листа е базирана на податоците од порталот eScience и меѓународно признатите научни резултати, а научните трудови и цитати на Александра ѝ го обезбедија местото меѓу најдобрите научници во Србија. Досега на порталот eScience се регистрирани повеќе од 20.000 истражувачи и 207 научни организации. Внесени се повеќе од 708.000 научни резултати.

Нејзината љубов кон природните науки се развила уште во основно училиште, особено кон математиката и хемијата, а во процесот на осознавање на својот талент за текстилно инженерство ѝ помогнало тоа што нејзините родители се инженери, а мајка ѝ имала своја приватна текстилна фирма.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: fakulteti.mk фото: fakulteti.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука