Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“

Скопје/Охрид, 27. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Македонија2025 отвори повик за доделување стипендии за четвртиот „Охрид камп за високотехнолошка извонредност“, што ќе се одржи од 7-ми до 13-ти јули.

Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и тимска работа ќе ги охрабриме и поттикнеме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат прототип на производ/идеја.

– Предизвиците кои ќе бидат поставени пред учесниците се во корелација и решаваат проблеми поврзани со Целите за одржлив развој на Обединетите нации. Оваа година (2023 – 2024), темата на FIRST® LEGO® Лигата, Натпреварот за едукативна роботика е креативниот спој на уметноста и технологијата во процесот на создавање ремек дело (MASTERPIECE предизвик), преку изнаоѓање уникатни решенија за реалниот живот. Дополнително, во време на доминација на технологијата, ќе се обидеме да ја подобриме сајбер писменоста преку промовирање на свеста и разбирање за важноста на сајбер-безбедноста и сајбер-булингот кај децата и зајакнување на нивното знаење како да се заштитат себеси, велат организатотите.

На учесниците им се дава можност да се запознаат, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети.

Може да аплицираат деца на возраст од 11-15 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат програмирање, кодирање и роботика. Македонија2025 оваа година им дава можност на дел од пријавените деца да учествуваат и учат програмирање со доделување на целосни стипендии, врз основа на нивниот социо-економски статус. Кандидатите треба да имаат основно познавање на програмирање, кодирање и роботика.

Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships/

Апликациите се поднесуваат на Платформата Е-scholarship:https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/15

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука