Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Девет години #Охридска Бушава азбука

Охрид, 30. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – За прв пат е објавена на денешен ден, 30-ти март 2015 година – Охридската Бушава азбука.

Во неа има бројни тогашни актуелности кои се случувале тогаш во Охрид и околината, но одлично поминува и денес.

#Охридска Бушава азбука

А – Ан требит смештај, ан требит кајче, Антички, Автобуска станица, ај ти…, Амамон, ајвар, Андон Дуков, Ајван плажа, амор, Аспир (во гранкине)
Б – Блато (имат-немат), Билјанини извори, блинкер, белвица, бев јас, бисери, Бетмен ВелиТ, биљкана во Влашка мала, Баракине, бериќатврсан, Брачко/Брачка, бинек
В – Водици, весло, Влашка мала, Велгошти, Воска, Видобишта, вулкан изгаснат од пожарникари
Г – Григор Прличев, Галичица, Гранит, Грашница, Гимназија, габајца, губи, гузи
Д – Диско „Палас“, Делфина (исправи се), Даљан, Десарет, Далга, долга магарица
Ѓ – Ѓеврече варено, ѓомлезе, Ѓоко Танески
Е – Езероно без кое ќе бевме Делчево, ЕМО, Езерка, елка (златна), Елешец, Елшани, ева ева,
Ж – Жичара, Железничка
З – зш, Заум (со си конаците), Зимски центар на Галичица
Ѕ – Ѕидче од едно така 20 см. (парапетче)
И – Игла стори се (порано многу популарно, никој не знајт зошто), Извидничко,
Ј – Ј`но, јагоди од Лескоец, ја не су Шаолин
К – Канео, крофни (амерички), Керим, Карабего мала, Кадмо, Куба Либре, кленче, карпуз, капајца, Крс` Џамија, комад, криш-миш, кај Скаличкине
Л – Лескоец, лесковачки роштиљ, „Ла Бамба“, Лагадин, лебеди, лизгалиште
Љ – Љубаништа (Субратарево), ти се моЉам
М – Ман, манга, Маларична (директорот го имат снемано), маратон – пливачки и на суво, Мини маркет
Н – Немат љуѓе, некни, налбати, `ндеде, нафора, нопак, непендек, непара
Њ – Шо буква ќе беше ова, ништо да немало на неа
О – Охрид, Охрид убав мил, копита те газат, Охридска Банка, Охридска Трговија, Отекс
П – Плаошник, пастрмка (во Тушемиште), плашица, „Парк“ дискотека, Пештани, пепун, Потпеш, педалинка
Р – Рибари – во езеро се помалце, навивачи се појќе, ренде
С – Скопјанишчана, Самуилови, Струга – градот од кај шо требоваме градоначалници, сарајлија, Сараиште, Субрата Рој, Славија, Св. Наум, свиркај си, кај Спасета, Синдикални, скаличкине
Т – Најважната буква со која завршвит секој збор освен тос, трска за мрестење, туризам, Трудбеник, тарана, Темницине
Ќ – Ќебапи, ќ`умрам, ќе частиш, ќе те барам од понеделник
У – Угостителско, усте (Пештани), уживај бе брат, ушчоме, уџите у кајче, уфунет
Ф – Фрлање крст, фудбал, Фафа лична карта
Х – Христо, хотели
Ц – Црнци во Универзитетон, Црногорци, цреша охридска
Ч – Чаршија, чинарон (тапациран), чашит, „Чарли“
Џ – Џам, џубрина
Ш – Шо ти е тебе море?, шлајка (немат за ова апликација), шубе

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука