Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Во комплексот „Инекс“ приведен полицаец кој работел како физичко обезбедување, пронајдени остатоци од бела прашкаста материја

Охрид, 30. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 29-ти март 2024 година, во 18:05 часот, во комплексот „Инекс“ во Охрид, лишен е од слобода 30-годипен охриѓанец, полициски службеник кој извршувал работни задачи како физичко обезбедување во комплексот.

– При претходно извршен преглед во неговата службена просторија, полициските службеници пронајдоа и одзедоа една лажица и хартија со остатоци од бела прашкаста материја, како и едно пластично шише со непозната течност. При претрес во неговиот автомобил, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се предмети со остатоци од марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука