Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Католички Велигден

Охрид, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Припадниците од католичката вероисповед денес го празнуваат големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.

Денес Велигден го слават и сите христијански верници кои се раководат според Грегоријанскиот календар.

Христовата жртва е завет за генерациите кои ја продолжуваат пораката за соживот и слога, за разбирање и мир. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни.

Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори дека овде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома. Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое Тој со своето Воскресение ни ја отвори вратата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука