Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Исчезна 21-годишна девојка од Албанија која студирала во Скопје, а средно училиште заврши во Охрид

Скопје, 31. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Студентката на Економскиот факултет во Скопје, Енкеледа Чела, државјанка на Албанија, која е пријавена за исчезната, е Македонка од селото Требиште, област Голо Брдо, потврдија за МИА роднини на девојката.

– Енкеледа е стипендист на македонската влада и е на втора година од студиите. И средното економско училиште го заврши во Охрид, со одличен успех, како што успешно ги полага и испитите на факултет. Се надеваме дека ќе биде пронајдена здрава и жива, изјавија за МИА нејзини блиски роднини.

Додаваат дека загриженоста е голема кај сите жители во селото и областа, кај најблиските роднини и нејзиот брат и трите сестри,  но се надеваат дека се ќе има среќен крај. Потврдија дека родителите на девојчето се веќе во Скопје.

Од рано утрово на социјалните мрежи се споделува информација дека се бара 21-годишната девојка. Според објавата, Енкеледа Чела е висока е 160 сантиметри, има црвено кафеава коса, кафени очи и носи протези на горните заби. Во моментот на исчезнувањето била облечена во фармерки и црна јакна, а на себе носела ранец.

– На 30-ти март 2024 година, во ПО Петровец Г.Т. пријавила дека Е.Ч.(20) од Република Албанија се оддалечила од домот во Скопје каде престојува. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, стои во официјалното соопштение од МВР. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука