Забава Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Први Април не е само обичен ден на шегата, во минатото на овој ден се праќале поинакви пораки

Охрид, 1. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Значењето на 1-ви април глобално, општо прифатено е дека се одбележува како Меѓународен ден на шегата.

Се смета дека денес е дозволено да се пошегувате со луѓето, но шегите не смеат да преминат во навреди. Потеклото на овој ден сè уште се наоѓа под знак прашалник и е тема на дискусија.

Според книгата на Гофри Чосер, „Приказните од Кантербери“, издадена во 1392 година, аџиите кои оделе на Божјиот гроб, одредувале ден за среќавање, кога кажувале приказни, дотогаш неслушнати и нераскажани.

Оној кој ќе ја раскажел најинтересната приказна, добивал најубава вечера. Акцентот најмногу се ставал на класните разлики, кои владееле во тој период во Англиското кралство. Биле исмевани лошите карактерни црти кај луѓето. Затоа,  околу 1582 година, кога се зел овој ден да се одбележува како Ден на шегата, луѓето се маскирале во зли сили, во богати граѓани и ставале што позлобни маски, со цел да се исмее лошото меѓу луѓето. Со комерцијализацијата на овој своевиден глобален празник, почнале да се менуваат маските. Луѓето почнале да се маскираат и во обични, дури и позитивни нешта, што се коси со суштината на празникот.

Premium Photo | April fools day april 1st fools mask of laughter and smiles  joy and jokes clowns and artists raffles and fun funny greeting card  advertisement flyer flyer article colorful design

Според други тврдења, 1-ви април водел потекло од празникот на Римјаните – Хиларија, кој е поврзан со доаѓањето на новата сезона и „обновувањето на радоста“.

Авторката Bertha R. McDonald, пак во своите записи во „Harper’s Weekly“, пишува опсежна статија дека 1-ви април води потекло уште од времето на Ное, кога се правела Ноевата арка.

Од Обединетото Кралство и Ирска, прва следна земја која го прифатила прославувањето на овој ден била Полска. Во Полска била формирана анти – Отоманска алијанса, која го исмевала владеењето на царевите во Отоманската империја. Кралот Леополд Први на 1-ви  април во 1683 година го издал Уверението за анти – Отоманската алијанса.

Во наредните векови, 1-ви април почнале да го одбележуваат нордиските земји. Таму на овој ден, во главно се ширела некоја лажна вест и се забележувале реакциите на јавноста. Во Данска овој ден се нарекува Априлснар, додека во Финска – Априлипеиве.

Во земјите во Јужна Америка, пак, овој ден изостанува од празниците. Тамошните земји имаат сосема други празници за шега, се слават на поинаков начин и се одбележуваат во есенските или зимските месеци.

Во 50-те години од минатиот век во САД за 1-ви април се кажувале само ситни шеги, со кои се поттикнувало смеењето кај луѓето.

До ден денес остануваат културните разлики во прифаќањето и начинот на одбележувањето на овој ден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука