Забава Избор

Ariana Grande го издаде седмиот студиски албум „Eternal sunshine“

Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Глобалната поп сензација Ariana Grande го издаде седмиот студиски албум „Eternal sunshine“, кој носи 13 нови нумери, вклучувајќи го и хит-синглот „Yes, and?“, кој го означува враќањето на пејачката на музичката сцена четири години по нејзиното признаено издание „Positions“.

– Ви благодариме што секогаш сте олицетворение на љубовта, напиша Ariana на својот официјален Instagram профил.

По објавувањето, синглот „Yes, and?“ ја зазеде првата позиција на престижната музичка топ листа Billboard Hot 100, а подоцна беше крунисана со ремикс издание каде и се придружи поп-дивата Mariah Carey.

Целиот албум е инспириран од легендарниот романтичен филм „Eternal Sunshine of the Spotless Mind“ од 2004 година, а пејачката дава симболичен крај на ова музичко поглавје со говорот на нејзината баба Marjorie Grande, која придонесе за последната песна „Ordinary things“.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука