Живот Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Живот: Пријателството помеѓу Самир и Мухамед, христијанин и муслиман кои беа еднакви во срцето

Иако според дел од изворите станува збор за измислена приказна, сепак вреди да се прочита, особено поради силната порака која ја носи за двајцата големи пријатели, Самир и Мухамед.

Самир бил христијанин со џуџест раст кој не можел да оди, додека Мухамед бил слеп муслиман кој го носел на грб и по насоките добиени од пријателот Самир, заедно се движеле по градските улици. И покрај тоа што потекнуваат од различни религии и потекло, двете сирачиња ја делеле собата, животот и пријателство.

Самир имал посебен талент да раскажува приказни од жешките Арапски ноќи, кои ги воодушевувале посетителите на еден дуќан во кој се продавало кафе во Дамаск, додека Мухамед продавал слатки во близина и во истата улица. Мухамед му верувал на Самир каде и да го водел, а Самир го користел грбот на својот пријател за да го обиколи градот.

Времето поминувало и еден ден, Мухамед го нашол Самир мртов. Плачел и тагувал по својот пријател седум дена по ред, а на крајот умрел од тага. На прашањето како двајца луѓе од различни религии и потекло можат толку добро да се сложуваат, Мухамед едноставно покажал на своето срце и рекол – Тука бевме еднакви.

Фотографијата е направена од фотографот Танкред Думас во 1889 година и стана симбол на пријателство и взаемно почитување и покрај сите разлики.

ЖивоТ на OhridPress со најубавите и најинспиративните животни приказни и мудрости.

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука