Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Доколку патувате за Скопје, од денеска функционира електронското плаќање патарина и на наплатната станица „Глумово“

Скопје, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Сите учесници во сообраќајот, од денеска, среда, 3-ти април 2024 година, ќе можат да го користат електронското плаќање патарина и на наплатна станица на Коридорот 8, односно на автопатот Скопје-Тетово.

– На овој патен правец, најнапред во функција за електронска наплата е ставена наплатната станица „Глумово“. Граѓаните што сообраќаат низ оваа наплатна рампа, можат да ги користат бенефитите од системот М-карта и М-таг. Исто така, на наплатната станица можат да се набават и да се надополнат овие електронски картички. Со оглед на фактот дека работите се одвиваат според планираната динамика, во најскоро време се очекува за електронска наплата да биде ставена во функција и наплатната станица „Желино“. Со овие активности, целосно ќе се заокружи системот за електронска наплата на оваа делница од Коридорот 8, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука