Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекин во водоснабдувањето на улица „Гоце Делчев“

Охрид, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Поради интервенција на водоводната мрежа, денес до 11:30 часот, без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“ од пресекот со улицата „Бистрица“ до Здружение на возачи, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбата Далјан, информираат од ЈП „Водовод“ Охрид.

Нивни екипи се на терен и работат на санација на состојбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука