ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Време е за избори, во Охрид по малку заличија и на локални

Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Република Македонија е пред двојни избори, кои на моменти во Охрид, според жестината и темите кои се третираа периодов наназад, како да заличија и на локални.

Политичките субјекти се позиционираат, кампањата, иако неофицијална како да е во полн ек, останува уште да се испочитуваат правните норми и рокови и да започне и самиот процес.

До Државната изборна Комисија, заклучно со синоќа, 2-ри април 2024, до 24:00 часот, пристигнаа вкупно 17 листи на кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 8-ми мај 2024 година.

ДИК по приемот на листите утврдува дали истата е поднесена во утврдениот рок и составена во согласност со одредбите на Изборниот закон, како и дали кандидатите ги исполнуваат условите предвидени во Уставот и Изборниот закон. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука