ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2024 Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна изборната кампања за претседателските избори 2024

Скопје/Охрид, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На полноќ започна изборната кампања за претседателските избори 2024 година. Кампањата ќе трае 20 дена, односно до 24 часот на 22-ри април.

Поддршка од граѓаните бараат седум кандидати. Оној кој ќе ја добие довербата, од вила „Водно“, во текот на следните 5 години ќе ја извршува функцијата Шеф на државата.

На овие избори учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски, како кандидат поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска- Давкова со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Првиот круг од претседателските избори се закажани за 24-ти април. На 8-ми мај, заедно со парламентарните избори, ќе се одржи и вториот круг од претседателските избори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука