Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објави литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста“

Охрид, 4. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на програмските активности за развивање на креативниот дух кон развој и подигнување на свеста и учество во хуманоста со промоција на хумани вредности и делотворност кај целата популација, особено кај младите и децата во нашата потесна и поширока заедница, Клубот за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид објавува литературен и ликовен конкурс на тема „Духот на хуманоста“.

– На конкурсот може да учествуваат учениците од основните и средните училишта на општините Охрид и Дебрца и друга популација со поезија, проза и ликовна уметност. Ликовните и литературните творби може да се доставуваат во просториите на Црвен крст Охрид, улица „Димитар Влахов“ бр. 52, или да се испратат на е-маил адресата: ohrid@redcross.org.mk, најдоцна до 6-ти мај 2024 година. Доставените творби ќе ги разгледува и оценува комисија и наградените творци по категории: прво до петто одделение; шесто до девето одделение и средно образование и други, ќе се објават на 10-ти мај 2024 година, а ќе се доделат свечено на 15-ти мај 2024 година, информираат од Црвен крст Охрид.

Додаваат дека творбите треба да бидат потпишани од авторот со податоци за име и презиме, возраст, училиште-одделение/клас, контакт телефон и адреса на живеење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука