Избор Избори 2024 Охрид ТОП ВЕСТИ

Максим Димитриевски од ЗНАМ од утре до понеделник во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца

Охрид, 5. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Караванот на кандидатот за претседател на Република Македонија, Максим Димитриевски од Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија од утре ќе биде во Охрид и околината.

Во сабота во 12:00 часот предвидена е средба со граѓани во Општина Вевчани, додека во 13:30 часот караванот се сели во Струга.

– Во пресрет претстојните претседателски избори 2024 година, предвидено е промовирање на предизборната претседателска програма „Манифест за Македонија“ на плоштадот кај „Мини-Маркет“, во недела, на 7-ми април 2024 година, со почеток во 18:00 часот, информираат од ЗНАМ.

Во понеделник, на 8-ми април 2024 година, со почеток од 11:00 часот предвидено е претсадателскиот кандидат Димитриевски да има средба со целни групи во градот и околината на Охрид, додека во 13:00 часот претседателскиот караван се сели во Општина Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука