Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Музичкиот бенд на Црвен крст Охрид организира ПХВ свирка за помош на социјално загрозено лице

Охрид, 6. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Новооформираниот музички бенд при Црвен крст Охрид организира ПХВ свирка за помош на социјално загрозено лице.

– Групата младинци има цел да ги собере потребните финансиски средства и да овозможи подобри услови за живот на социјално загрозено лице со оштетен вид. За таа цел организира хуманитарна свирка на Градскиот плоштад во Охрид, информираат од Црвен крст.

Под слоганот „Дојди, види, биди хуман“, настанот ќе започне утре во 12:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука