Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Во 2024 година на Охридскиот аеродром се очекуваат околу 240 илјади патници

Охрид, 6. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на летната сезона од Охридскиот аеродром ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата Ер Србија ќе лета на релација Белград-Охрид-Белград.

Со летниот ред на летање, од аеродромот во Охрид ќе летаат осум авиокомпании до 11 дестинации. Во 2024 година на Охридскиот аеродром се очекуваат околу 240 илјади патници.

Статистиката за јануари и февруари за двата аеродроми според ТАВ Македонија покажува значително зголемување на патничкиот авиосообраќај. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука