Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Во синоќешниот пожар на стариот пат Охрид-Струга опожарена трска и два пловни објекти (Видео)

Охрид, 8. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 7-ми април 2024 година, во 20:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид-Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското Езеро, при што биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти.

– Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука