Избор Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Календар на МПЦ: Преподобен Иларион Нови

Охрид, 10. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 28-ми март, денот кој се слави во чест на Преподобен Иларион Нови.

Преподобен Иларион беше игумен на манастирот Пеликит, во близина на Хелеспонт. Прославен со дарот да исцелува и да чудотвори, свети Иларион заедно со своите 40 монаси беше прогонет во времето на иконоборечкиот цар Лас Ерменецот во еден затвор, во близина на Ефес.

Таму го заврши својот живот во 754 година.

Тропар

Црквата земна тебе, Иларионе, слава ти воздава, и сите ги просиме твоите молитви пред Господа нашиот Спасител, Кого ти, исповедниче, пред вселената Го прослави. Трудот твој благодатен венец исплете и мачеништво исповедничко за Иконата Христова поднесе, но радоста е преголема за оние кои одмор сега имаат во Господа. (Крај)

извор: mpc.org.mk фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука