Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 23. степени
Охрид, 10. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.
– Во следните денови не се очекува значителна промена на времето, ќе се задржи сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |