ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Нови вредни археолошки пронајдоци во старото јадро на Охрид

Охрид, 10. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за новото и вредно археолошко богатство, пронајдено на локација во чија близина е во план да се гради куќа во стариот дел на Охрид е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

Станува збор за монументален сакрален објект од раното христијанство, декориран со мозаични подови и полихромно фрескосликарство. Археолозите велат дека постои можност овој објект да бил поврзан со блиската ранохристијанска базилика „Манчевци“, но во моментов тоа не може со сигурност да се потврди. Локацијата е привремено заштитена и сите понатаможни градежни зафати се сопрени. Но, неопходни се дополнителни истражувања и во околината, бидејќи според познавачите на теренот, може слободно да се каже дека под секој камен во старото јадро на Охрид се крие некое вредно археолошко богатство.


Читателите на OhridPress потенцираат дека во Охрид, поради неговата старост и важност, скоро под секоја куќа има некој наод од минатото, кое треба да се зачува за идните гемерации. Дел се со став дека, особено во стариот дел на градот, треба да се забрани натамошно градење. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука