Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Приведен охриѓанец баран по потерница за издржување затворска казна за тешки кражби

Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти април 2024 година, во 21:30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа 39-годишно лице од Охрид, барано по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“.

– Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Струга“, за издржување на казната, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука