Скопје, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Со владина одлука, 24-ти април и 8-ми мај, деновите на одржување на претседателските и парламентарните избори, се прогласени за неработни за сите граѓани на територијата на Република Македонија.
Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Македонија, да ги спроведат овие заклучоци.
Во Информацијата од министерството за труд и социјална работа е посочено дека имајќи ги предвид Решенијата за распишување на избори за претседател и за пратеници во Собранието на Република Македонија потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 50