Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Со техниките на Школата за брзо читање и мудро учење до полесно учење, поголем фокус и мотивација за извршување на училишните обврски

Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Веќе неколку години во Македонија е имплементирана програмата или Школата за брзо читање и мудро учење, а од 2020 година успешно функционира и во Охрид.

Мотото на оваа програма е научи како да учиш. Идејата е учесниците во програмата да научат да учат побрзо и посоодветно и притоа тоа што ќе го научат многу години да го користат и надоградуваат во подоцнежна фаза од школувањето.

Ковид пандемијата и физичкото отсуство од настава направи и голем хенидкеп кај децата, некои имаат проблем при изучување на една лекција и фокус на училишните обврски.

Од школата велат дека тие немаат магично стапче, но имаат делотворна програма што ќе им помогне на децата да се стекнат со техники што за брзо препознавање на клучните елементи во своите лекции, полесно и трајно да ги запомнат, полесно да може да се изразат усно и писмено, како и да имаат поголема мотивација за учење.

Самата програма е проект организиран во соработка со германската компанија „DOOR Training & Consulting“ од Висбаден, а Србија е главен мастер франшизер за целиот овој регион на поранешна Југославија и други европски држави. На почетокот била наменета за топ менаџери, но потоа авторот Часлав Манчиќ, кој работел повеќе од 20 години во тренинг центарот во Висбаден, решил да ја имплементира кај деца кои знаат да читаат и пишуваат.

Програмата за брзо читање и мудро учење е за деца над трето одделение, а има и програма за под таа возрасна група, под 9 годишна возраст, програмата за мудро учење од прв чекор, вели во изјава за Супер радио и OhridPress Цанка Велкова, генерален менаџер за Македонија за програмата на Школа за брзо читање и мудро учење.

– Нашата програма им помага на родителите, првенствено, да можат децата самостојно да учат, да не ја учат лекцијата напамет. Со нашата програма детето стекнува самостојност, го зголемува нивото на фокус, на концентрација на меморија и разбирање на сите работи. Тоа се постигнува со неколку техники кои помагаат да почне да го имплементира тој процес во текот на своето школување.Четирите програми на брзо читање и мудро учење се состојат од четири техники. Првата е брзо читање. Преку брзото читање децата почнуваат да го зголемуваат процесот на концентрација, фокусот и меморирањето со помош на поголемо разбирање, ги подвлекуваат клучните зборови што потоа почнуваат да се имплементираат во делот на вторaта техника, на асоцијативни мапи или буквално мапирање на сѐ она што е важно во една лекција. Tретата техника е на мемориски техники што се процеси каде децата најбрзо ги забораат дефинициите што се напамет научени, набројувања, различни години, историски датуми…И четвртата техника е техника на презентирање, усно и писмено. Потребна е за деца на секоја возраст бидејќи помага да можат на концепциски начин да го претстават она што го научиле, како да почнат, како да се изразуваат, вели Велкова.

Другиот концепт за децата под 9 годишна возраст се работи во дел на графомоториката, што е многу малку застапена во нашите училишта.

– За првачињата, програмата им дава насока како и на кој начин треба да ги работат школските задачи, бидејќи дете од улица, од двор, да го собереш во клупа 45 минути тоа е еден макотрпен процес и за родителот и за наставникот. Ние тоа го работиме со суптилни техники и на тој начин развиваме љубов училиштето и кон задачите, додава Велкова.

Школата за брзо читање и мудро учење има центри во Скопје (три), во Охрид, Кавадарци, Прилеп, Кочани и Куманово и веќе бележат многу добри резултати како фидбек. Велкова вели дека родителите и децата се тие кои го носат процесот на успешност во оваа програма.

Ивана Апостоловска Диновска, франшизер за Охрид за Школата за брзо читање и мудро учење вели дека наставата е со физичко присуство, се работи во мали групи и тоа во текот на цела година.

– Имаме групи според возраста, часовите се одржуваат еднаш неделно со времетраење, во зависност од возраста на децата.
Покрај за читање и учење, за првачињата што им е на некој начин најпотребно, нудиме програма и за повозрасни за полесно учење. За првачињата програмата е за полесно снаоѓање на еден школски час, опфаќа пишување, читање, одржување на фокус на часот, да се задржи вниманието на предавачот, да има подобра концентрација, да може да издржи еден школски час.
Мудро учење од прв чекор опфаќа читање, пишување графомоторика, концентрација, фокус, односно она што е потребно за детето да може полесно да се снајде на училиште.
Со програмата за брзо читање и мудро учење се совладуваат техники на читање, за зголемување на брзината на читање (3-4 пати побрзо) и техники за самостојно учење на лекциите, полесно учење и тоа да биде трајно, потенцира Апостоловска Диновска.

Часовите се одржуваат во просториите на образовниот центар „Кловер“ во Охрид. Досега фидбекот е позитивен, во секое време се отворени за информации и упис на деца, а се реализираат и демо презентации со цел запознавање со програмата. Подетални информации може да се добијат на телефонскиот број 078/365 025. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука