Забава Избор ТОП ВЕСТИ

„Лесно“, врвно музичко задоволство од Влатко Стефановски и Александар Масевски

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – „Лесно“ е насловено новото и врвно музичко задоволство од двајца музички мастори – гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски и македонскиот композитор и музички продуцент Александар Масевски.

– На обострано задоволство се роди музичка креација која е лесно слушлива и има модерен призвук, а карактеристичниот звук на гитарата на Стефановски, како и неговата изведба ги прикажува во малку поинакво светло, вели Масевски за новата песна.

Легендарниот македонски гитарист и композитор Влатко Стефановски, во интервју за емисијата „U svom filmu“ на HRT откри дека го комплетира новиот албум кој ќе се вика „Muscle Memory“.

Новиот материјал, за кој гитарскиот виртуоз вели дека го работи без брзање и временски рамки, треба да биде објавен за неколку месеци. Покрај новиот албум, Влатко откри дека пишува автобиографија. Вели дека сфатил „дека е многу деликатно да се префрлат на хартија некои лични моменти, длабоки емоции и ситуации кои биле драматични или еуфорични“ и дека неговиот живот бил вистински Roller coaster. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука