ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид се сеќава: На денешен ден почина писателот Ванчо Николески

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден во 1980 година, Во Охрид почина Ванчо Николески, познат македонски писател за деца и млади.

Николески спаѓа во основоположниците на македонската литература за деца и нејзин најистакнат претставник во периодот непосредно по Втората светска војна. Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје. За своето книжевно творештво, Николески бил добитник на повеќе книжевни награди, меѓу кои и наградите: „Климент Охридски“ и „Младо поколение“.

Од 1950 година бил член на Друштвото на писателите на Македонија. Автор е на прославената стихозбирка „Македонче“, објавена во 1946 година, со која беа поставени темелите на современата македонска книжевност за деца. Познати негови дела се: „Школско ѕвонче“, „Крај огништето“, „Прва радост“, „Чудотворен кавал“, „Волшебното самарче“. Неговите дела се преведени на сите југословенски јазици, а тој самиот се занимавал со преведување од српски и од руски јазик.

Роден е во селото Црвена Вода, Дебрца, на 10-ти јуни 1912 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука