Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со температура до 26. степени

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и топло време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 26. степени.

– Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта, а особено во среда времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни во форма на невреме, проследени со грмежи и силен ветер. Потоа и во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи. Температурата од среда ќе биде во позначително опаѓање, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука