Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Кривични пријави за две лица од Охрид кои без одобрение извршиле доградба на семејната куќа

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 46 и 76 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

– Тие, на катарстарска парцела во Охрид, спротивно од Законот за градење и без да поседуваат правосилно одобрение за градење издадено од надлежен Државен орган, извршиле доградба на семејната куќа, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука