ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридски спасители на планина на регионална средба со своите колеги во Хрватска

Охрид, 15. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Претставници на Планинската спасителна служба од Охрид, како дел од Националниот сојуз за планинско спасување присуствуваат на регионална средба со заедно со колегите од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора.

Целта на средбата што се одржува во Хрватска е продлабочување на соработката, размена на искуства, анализа на постојата законската регулатива и предизвиците со кои се соочуваат службите од регионот, како и изнаоѓање на модели и начини за подобрување на ефикасноста и квалитетот на спасувачките операции.

Бил потпишан мултилатерален договор за соработка и одржување на редовни регионални средби, на кои би се разработување различни теми од областа на планинското спасување.

Исто така, како еден од клучните заклучоци, констатирана е неопходноста од подобрување на законската регулатива за планинско спасување, особено во земјите кои сѐ уште го немаат регилирано истото, како основен предуслов за квалитет, ефикасност и примена на европските стандарди од оваа област. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука